„Нашите институции во целост ги преземаат сите мерки за заштита на македонските граѓани. Во координација сме со релевантните институции задолжени за безбедноста на граѓаните во државата и надвор од неа“ кажа министерката за одбрана, Славјанка Петровска во дневникот на ТВ24.

Таа додаде дека со колегите од Владата се во постојано комуникација и се координираат сите активности кои како држава ќе се преземаат периодов.

„Наша цврста позиција на која стоиме е дека недвосмислено го почитуваме Вашингтонскиот договор и сите фундаментални договори кои ја гарантираат безбедноста на Европа. Тоа е за нас висок приоритет“ кажа Петровска.

Министерката додаде дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија ги повикува сите земји да го направат истото, бидејќи разгорувањето на конфликт не може да допринесе за подобрување на сегашната ситуација.