КОНЕЧНО ОД ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ПО 10 ГОДИНИ ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО КРИВА ПАЛАНКА ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ СТАВЕН ЦЕЛОСНО ВО ФУНКЦИЈА.

Ќе има и пливачка и ватерполо школа.

Оваа вест, на радост на кривопаланчани, ја објави градоначалникот на општината Сашко Митовски.
-Ставање во функција на градскиот базен во Крива Паланка, продолжување на пливачката школа за најмладите кривопаланчани од сите училишта и клубови, ватерполо школа и формирање прв ватерполо женски клуб се планираат од страна на Ватерполо клубот “Крива Река” со кој денес го потпишавме официјалниот договор за стопанисување со градскиот базен, информираше тој.
-Договорот за користење на базенот во период од десет години е потпишан, а ВК “Крива Река” најави дека веќе од ова лето базенот се очекува да биде главно летно катче за сите генерации паланчанки и паланчани, со предвидено изнаоѓање алтернативни за затоплување на водата во базенот, функционални содржини за повеќе спортски активности и привлекување посетители од соседството и регионот, порача Митовски.