Сашо Јанакиевски, косопственикот на „Еко клуб”, фирмата која според градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, несоодветно го третира медицинскиот отпад, од денеска веќе не е почесен конзул на Унгарија.

Завчера градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави фотографии и видеоснимки направени лани во декември како во оваа фирма несоодветно се третира медицинскиот отпад и се носи во депонијата Дрисла. Овој случај тогаш беше пријавен во Основното јавно обвинителство, но од таму сѐ уште нема никаков одговор.

Јанакиевски беше почесен конзул на Унгарија од септември 2012 година.