Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

Важно е да се напомене дека оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот.

“Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност. Подобро да издржиме два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да дозволиме крах на економијата и последици по сите”, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција на која го презентираше новиот пакет економски мерки.