Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Деве Баир“ полициските службеници привеле тројца возачи на товарни возила, држајани на Република Турција, поради тоа што во нашата земја сакале да влезат со фалсификувани зелени карти.

Во 05.55 часот на „Деве Баир“ полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(31) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.

Неколку часа подоцна полициски службеници го лишиле од слобода Е.Д.(34) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.

Од слобода бил лишен и У.Д.(49) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, кој исто така се обидел да влезе со фалсификуваната турска зелена карта.

Трите лица се предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка, за понатамошна постапка.