Просечната откупна цена на вранецот во 2023 година е 18,78 денари, за разлика од 2016 година кога беше 12.79 денари.
Со донесениот нов Закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје, порачуваат надлежните од МЗШВ.
Со овој закон за прв пат се утврдува производната цена на винско грозје по килограм најдоцна до 15 јули во тековната година, и тоа за најмалку две најзастапени сорти.
Се заштитува традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво.
Комплетно се усогласува со новите правила на ЕУ во делот за воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вински производи).
Целта на законот е поголема сигурност и поддршка за лозарите, зголемен извоз на македонското вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа.