На предлог на претседателот на преодната Влада на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, Собранието денеска ги именуваше замениците министри и дополнителните заменици на министрите во Владата.

На именувањето на замениците и дополнителните заменици на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Оливер Спасовски во кое тој ја образложи предлог листата за заменици на министрите и за дополнителни заменици. Обраќањето ви го пренесуваме во целост:

Почитуван претседател на Собранието,

Почитувани пратеници,

Врз основа на членот 94 од Уставот на Република Македонија, како и врз основа на членовите 42, 43, и 44 од Законот за Владата на Република Северна Македонија, му предлагам на Собранието на Република Северна Македонија за заменици на министрите во Владата да ги именува:

Беким Максути, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана;

Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

Оливер Ристовски, за заменик на министерката која раководи со Министерството за правда;

Неџад Мехмедовиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

Андреј Жерновски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

Ширет Елези, за заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;

Кирил Колемишевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

Благе Цветковиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Арменд Арслани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

Елизабета Наумовска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

Ѓонул Бајрактар, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Дејан Павлевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

Владимир Лазовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

Садик Беќири, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски; и

Јани Макрадули, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

За дополнителни заменици на министри во соодветните министерства, ги предлагам:

Славјанка Петровска, за дополнителна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

Санела Шкријељ, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Гордана Димитриеска Кочоска, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;

Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; и

Невенка Стаменковска, за дополнителлна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Со предлогот за именување заменици и дополнителни заменици на министрите во Владата доставен до Собранието на Република Северна Македонија, доставени се и биографиите на предложените кандидати.