На 16.11.2021 околу 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко  возило „пежо 407“, со винички регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(42) од Виница и патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(18) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Е.А., Ш.А. и сопатникот во возилото „опел“, Е.М.(22) од Струмица, a со телесни повреди се здобиле сопатник во возилото „опел“ А.М.(26) и малолетен сопатник во возилото „пежо“, сите констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото на нeсреќата извршила екипа од СВР Штип.