Контролите што беа спроведени во Тетово не се нешто што започнало денеска, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ24.

Тој кажа дека од почетокот на ноември досега биле контролирани 358 возила, на вонреден технички прегледи.

-Станува збор за комбиња и автобуси што превезуваат патници. Најмногу контроли сега имаме во СВР Тетово, 162, бидејќи таму е најзастапен ваквиот превоз, кажа Спасовски. Тој потсети дека МВР континуирано спроведува вакви контроли.

-Во МВР одлучивме дека единствен начин за да се избегнат жртви на патиштата се зачестените контроли. Самиот факт за тоа што се прави во сообраќајот е што на стратешко ниво го поставивме прашањето за подобрување во сообраќајот. 70% повеќе имаме прекршочни санкции во однос на истиот период минатата година. На петти октомври на возило Беса-Транс имаме извршено ваков технички преглед, рече Спасовски.