По иницијатива на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски и со одлука на Совет, Општина Крива Паланка од оваа година ќе исплаќа по 3000,00 денари на секое семејство со новороденче родено од 01 јануари 2022 година, со живеалиште на територијата на Општина Крива Паланка.Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2022 година на подрачјето на општина Крива Паланка.
Барањето за аплицирање може да се поидигне од Архивата на Општина Крива Паланка.
Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи.
1.Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
2.Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на Општина Крива Паланка;
3.Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок;