Пратеникот од редовите на СДСМ Лазе Таневски сопственик на хотелот „Лаки“ во Охрид ги демантира денешните објавени невистини во порталот Охридскај.

Односно Охридскај објави дека Таневски дал јавна опомена до новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачески во која стоело дека доколку Димитар Ковачевски-Таче го остави Наумче Чакар за претседател на ОО СДСМ Охрид и слугите на Чакар, Таневски ќе биде 61-от пратеник кој ќе се приклучи на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во сообранието на РСМ.

Таневски реагираше на оваа невистинита објава на Охридскај и во својот демант напиша:
„Ги демантирам објавените невистини на порталот Охридскај, не е точно ниту дека сум дал изјава за овој портал ниту пак објавената содржина.
Како пратеник на СДСМ силно ги поддржувам сите процеси во Собранието кои ги водиме заедно со новото стабилно парламентарно мнозинство, во интерес на граѓаните, а ги поддржувам и процесите во СДСМ. Тоа нема да се промени ниту во иднина, бадијала се лажните вести“.