Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

УХМР најави дека во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.