Времето утре студено и променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во сабота ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.