Професорката на правниот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, вечерва во „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа истакна дека многубројни се примерите за тоа дека законите не важат за сите и институциите на власта на функционираат како по примерот на однесувањето на директорите во Свети Николе, Штип и Лозово.

Василевска вели дека она што го увидела насекаде низ Македонија е траорната слика на македонскиот граѓанин којшто е понижен, каде преовладува негативната селекција, примитивизмот кој се одразува на сите нивоа каде се осеќа силата на извршната власт,а тоа на локално ниво се одразува многу повеќе. Како што се наближува распуштањето на собранието, така се повеќе луѓе пристапувале и се охрабрувале да ги кажуваат јавно своите проблеми и приказни.

-Ние имаме соодветни закони, но имаме проблем со спроведување на истите, не важат законите еднакво на сите, луѓето се полтронизираат и се акомодираат во позициите и не постапуваат според моралот, да беше спротивно директорот кој кренал рака на своја колешка во примерот во Свети Николе, против него би се спровел судски процес и никогаш не би можел да стапи во работна организација. Такви примери има во Штип во Лозово, тоа се сериозни аномалии коишто не смеат да се допуштат, во државни институции или било каде тоа е недозволиво, а во моментов е допуштено од ова власт, вели Василевска.