Градоначалникот на мексиканскиот град Фронтера Комалапа, Оскар Рамирез, бил врзан за дрво со јаже од лути локални жители.

Инцидентот се случил додека Рамирез презентирал пред јавноста „серија проекти“ што претходно ги ветил, но претставници на 11 општини го опколиле и го соочиле со бројни прашања.

Како што наведуваат, тие се многу незадоволни затоа што проблемот со водата за пиење не е решен.

-Тој ни вети дека ќе има пристојна работа за луѓето од Комалапа, но сè беше лага затоа што водоснабдувањето не работи добро. Тоа е голем проблем што мора да се реши на вистински начин и мора да биде приоритет во овој мандат, бидејќи тој дојде кај нас во куќите и ни ветуваше, а сега не се согласува со тоа, вели еден локален жител.