Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска одговараше на новинарски прашања видно нервозен и испотен, најверојатно заради типот на прашањата кои му беа поставувани. Јанушев не сакаше да одговари зошто на листата има лица кои се со обвинение за криминал и дури и веќе со обвинителни пресуди во случајот со Јохан Тарчуловски кој од судот во Хаг беше прогласен за воен злосторник.