Се што зборува и излегува од устата на Христијан Мицкоски е ноторна лага, истакна на денешната прес-коференција портпаролот и пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тој лично на протестите кажа дека викендов се распарчува Македонија. Нема никакви разговори и нема никакви официјални претставници во Софија. Она што го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе и да каже е секако дека поседуваме информации затоа што и досега кога сме излегувале на прес-конференции да го повикаме да даде одговори за суштински прашања после некое време излегувало со докази дека тоа е точно“, посочи Костадинов.