Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска го искористи своето право на глас.

Локалните власти се првата отворена врата за граѓаните и денеска граѓаните ќе одлучат, истакна Лукаревска.

„Вољата на мнозинството ќе го определи развојот на секоја општина и на градот Скопје и верувам дека тоа ќе биде патот по кој ќе продолжи напредокот.

Очекувам дека граѓаните ќе го искористат своето право, но и обврска да излезат и да гласаат“, истакна Лукаревска.