Масовен верижен судир се случил во американската сојузна држава Висконсин во кој учествувале 100 возила. Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон.

Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми. Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот.