Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на партијата Христијан Мицкоски се упати и моментално се наоѓа во резиденцијата на претседателот на државата Стево Пендаровски, наводно во обид да најдат објаснување како му е доделен мандатот на Зоран Заев без оформено мнозинство.

Сепак на новинарско прашање зошто се дојдени во резиденцијата, дел од нив немаа конкретен одговор, односно изјавија дека после состанокот со претседателот ќе следува изјава од Мицкоски.

Повеќето од нив не сакаа воопшто да зборуваат пред камера.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денешното доделување на мандатот го искоментира како кршење на уставот во кој учесник е претседателот на државата