Голем број познати ја искажаа својата поддршка за кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-Митовски е млад, перспективен, со креативни идеи,  со космополитизам, доброта, вели за Митовски, професорот Нано Ружин кој ја искажа својата поддршка за Митовски.
-За него зборат неговите дела. Имам само една порака за Митовски – Искористи ја историската шанса нашата Крива Паланка да ја направиш поубаво место за живеење, порача познатиот фудбалер Срѓан Захариевски.
-Можам да кажам дека се вложува 100% со срце и професионално. Затоа знам дека тој е најдобриот избор за градоначалник на нашиот град, порача Јосип Јосифовски, меѓународен истражувач кој потекнува од Крива Паланка.
-Со поддршка на Сашко успеавме да спасиме млад живот. Ме фасцинираше дека сака да им помага на луѓето, вели д-р Злате Мехмедовиќ за Митовски.

„Довербата и поддршката се моја мотивација. Благодарност за добрите зборови и укажаната чест. Ќе работам посветено, со срце и душа, за Крива Паланка да биде подобро место за живеење, за сите“, потсети уште еднаш Митовски.