Во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012- 2017 година лежи целата вина за раскрчмување на имотот на АД Славија, изјави за медиумите Стефан Васев од СДСМ.

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно, со денови сака да ја манипулира јавноста е провиден обид за бегање од одговорноста и нереално префрлање на вина на некој друг.

Дека целосно се загубија во овој неуспешен обид говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат.

Прво, според нив Славија вредеше 20 милиони евра, па ја спуштија проценката на 13, па на 9, а денеска е 4 милиони евра“, посочи Васев.
„Во својата произволна математика, не споменуваат ниту дека компанијата е оптоварена со долгови.

Крајно неодговорно.

Во периодот од 2012 до 2017 година ВМРО-ДПМНЕ распродала над 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку распродала две третини од нејзиниот имот“, нагласи Васев.