“СДСМ безуспешно се обидува да манипулира со пензионерите. Јасно е дека Власта се обидува пред избори да го ублажи поразот кој им следува на претстојните предвремени парламентарни избори” велат од ВМРО -ДПМНЕ.

“Со новите мерки СДСМ сака да го прикрие фактот дека пензионерите всушност се оштетени од катастрофалните политики во изминатите години на оваа неодговорна власт. Всушност не станува збор за никаков раст на пензиите туку за евтин политички маркетинг. Тие кажуваат дека ги зголемиле пензиите за пензионерите, а го премолчуваат фактот пред тоа им ги скратија пензиите по законот за порамнување на пензиите.

Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно.

Со кратење на пензиите на пензионерите се скратија и вкупните примања во голем број на семејства, ако се земе фактот дека поради погрешните политики на СДСМ во Македонија се уште има голем број млади невработени лица ги чекаат пензиите на своите баби и дедовци како би го сврзале месецот крај со крај.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на пензионерите како што навистина заслужуваат”тврдат од опозицијата.