ВМРО-ДПМНЕ, редовно, на крајот на денот, ги објавува нивните партиски факти кои, како што велат, го одбележаа денот.
Овој пат, јавноста реагира на конфузијата на објавените факти од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш прашува КОЈА Е ТАА ПАРТИЈА КОЈА БЕГА ОД ИЗБОРИ?!
Ова се фактите на ВМРО-ДПМНЕ:
- Зад говорот на омраза стојат СДСМ и Заев, тоа е последица на стравот од пораз, Обвинителството сеуште молчи.
- Во Општина Аеродром инвеститори блиски до Златко Марин и функционери на СДСМ градат дивоградби, без издадена потребна документација.
- СДСМ и Заев преку институциите доделиле над 2 милиони евра тендери на фирмата „Еко Клуб“ од Битола која загадувала и непрописно третирала медицински отпад.
- Зоран Заев монструозно го злоупотребувал „Монструм” за политички цели, собирање на гласови и држење на тензија.
- Врхушката на власт на чело со Зоран Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица Јанева.
- Вилма Русковска го штити и го прикрива криминалот на Зоран Заев, со тоа директно го поддржува и го одобрува криминалот на СДСМ.
- СДСМ продолжува да бега од избори поради стравот од предизборниот пораз што го чека Зоран Заев на 12-ти април.