Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска му го предава мандатот за составување на нова Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќето партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата“, вака гласеше вчерашното кусо соопштение од Кабинетот на Пендаровски.