ВМРО-ДПМНЕ едвај чекало да го ревитализира земјоделството.
А, земјоделството некако посебно ги боли затоа што знаат каде бевме пред една деценија, а каде сме сега. Напредокот е видлив и тоа во секој сегмент и секоја гранка.
За да може таа партија да реконструира што било, прво мора да се реконструира себеси и главните фаци кои сакаат функции и народот да ги сака, ама се’ уште не можат да се одлепат од кадифените фотелји во Белата палата.
Главните претенденти за пратеници и министри се токму кадрите кои со години гледавме како одат на менторирање во странство.
Ама обичниот човек лесно препознава дека старо-нови кадри чија експертиза е ширење дезинформации и паника, креирање лажни вести и манипулации и организирање лажни протести, не можат да унапредат ништо.
Нема реконструкција со кадри-манекени, полни со ароганција, а гладни за функции, апанажи и пари.
Нема реконструкција со шетачи по штабови, на кои сега попатно им текна дека постојат земјоделците.
Нема реконструкција со кадри за кои единствен поим за земјоделство е садење жални врби во Вардар.