Лидерот на СДСМ и сега веќе официјален мандатар за состав на новата влада на Северна Македонија Зоран Заев порача дека следува период за, како што рече, максимално да се посветиме на работа дома.
„Секој од нас со двојно поголем ангажман и двојно поголема одговорност, тоа носи успех за целиот народ и за татковината.Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност.“ – порача Заев.