Политиката на ВМРО-ДПМНЕ на сеење страв, омраза, безнадежност и кавга со сите, не може и нема да добие поддршка од граѓаните.
Ние го докажавме патриотизмот со тоа што ја внесовме нашата држава во НАТО и со тоа што го заштитивме македонскиот јазик и идентитет. Тоа е црвената линија за која не се преговара.
Разговорите со соседна Бугарија ќе продолжат, затоа што темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за иднината. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Само така е европски, само така е македонски.
До крајот на емисијата, од мојот соговорник Јанушев, за жал, не добив одговор на три прашања:
– Зошто Мицкоски се крие веќе петти ден по ред за да (до)каже што стана со наводното распарчување на македонската држава, односно кој и каде го направил тоа?
– Зошто ВМРО-ДПМНЕ побегна од изборно соочување во Штип?
– Како Јанушев лично успеа со една плата да го стекне тоа што самиот го пријавил во Анкетниот лист, односно четири стана во Скопје, куќа во Охрид, луксузен автомобил Лексус и џип Нисан?

ФБ статус на Андреј Жерновски