Зоран Заев во Собранието официјално поднесе оставка од својата функција како претседател на Владата на Репубкика Северна Македонија.

Ваквиот чекор на Заев следуваше по лошиот резултат на локалните избори, кога си поднесе оставка и од местото претседател на СДСМ, а за негов заменик беше избран Димитар Ковачевски, кој пак се смета дека ќе биде новиот мандатар.

Зоран Заев доаѓа на функција во 2016 година, откако неговиот противник Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, но не успеа да формира Влада. Тогаш мандатот заврши во рацете на Заев.

Во тоа време, и актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери беше избран на оваа позиција, а истиот ден и 300 демонстранти извршија упад во законодавниот дом.

Тогашниот претседател Ѓорге Иванов бараше и писмена гаранција од мандатарот за зачувување на унитарноста на државата, додека пак по рекордни 171 ден од завршувањето на изборите, Македонија доби нова Влада.

Следната 2017-та година беа спроведени и локални избори кои ги добива СДСМ, а потоа беше организиран и референдум со кој се менува името на државата. Под новото Република Северна Македонија обезбедивме место во НАТО Алијансата, а го решивме и деценискиот спор со Грција.

Инаку, со констатирањето на оставката на Заев ќе биде во оставка целиот негов кабинет, а потоа шефот на државата, во рок од десет дена, треба да одреди нов мандатар кој би составил нова влада и програма во период од 20 дена.

Извор:21Тв