Владата ја донесе Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За прв пат досега, со оваа Програма решавање на правото на користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Оваа Програма е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на жените земјоделки, до усогласување системско решение на кое што веќе се работи.
-Историска одлука на Владата – жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство! Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, сооппшти министерот Николовски.
-Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.Оваа прпграма е привремено решение со цел да им излеземе во пресрет на жените земјоделки до доненсување на системско решение.Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година, појаснува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.