Следниот месец се очекува да заврши обновата на делницата од селото Војник до Страцин и непречено се одвиваат планираните активности, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски при денешниот увид на градежните работи.
-Ја развиваме економијата преку инвестиции во патната инфраструктра, градиме нови, ги рехабилитираме постоечките патишта. Ја поврзуваме Северна Македонија со главните паневропски коридори, порача Николовски.
Тој рече дека извршиле увид на локацијата кадешто со полна пареа се врши рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, кој како дел од Коридорот 8 е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава.

-Рехабилитацијата е во две фази, следниот месец се завршува патниот правец од Војник до Страцин. Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до село Војник завршува во јуни 2022 година. Инвестициите во патната инфраструктура се моторот на економијата, продолжуваме да градиме и инвестираме во секој регион подеднакво, рече вицепремиерот Николовски.