Премиерот Зоран Заев ужива убедливо подобар рејтинг од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, покажа новата анкета на „Брима“ објавена во денешен „Слободен печат“. Лидерот на СДСМ ужива поддршка од 11,8 отсто од граѓаните, додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ само 7 отсто. Предноста се забележува и според рејтингот на партиите, каде што СДСМ има рејтинг од 19,5 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ 17,5.

Оваа анкета уште еднаш потврдува дека граѓаните ги препознаваат модерните и европски политики на владата како успешни и вистински па затоа ја даваат поддршката.

Доколку се земат предвид рејтинзите на париите кои заедно настапуваат во коалиција, тогаш довербата во ВЛадата во однос на опозицијата расте уште повеќе. За ДУИ би гласале 7,2 отсто од анкетираните граѓаните, за Алијанса за Албанците 6, додека за БЕСА би гласале 4,7 отсто.

Како главни зони на делување кои за граѓаните се важни се издвојваат невработеноста, состојбата со пандемијата и економската ситуација.

Анкетата на Брима е спроведена во периодот од 27 август до 9 септември според метото лице-в-лица во домот на испитаникот со запазување на сите демографски карактеристики. Во истата учествувале 1201 испитаник.