За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок. Секако останува правото на фирмата на своите вработени да даде и поголема плата од минималната нешто што и ќе го очекуваме, изјави на денешната пресконференија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од 99 шифри на дејности безмалку половина се погодени од кризата директно или индиректно, но секако се знае и кои не се погодени од кризата, односно имаат мали последици и тие секако не се опфатени

Оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои:

Под 1; нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година;

Под 2: нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта

Под 3: фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.

Критериумите ќе ги одредиме јасно и прецизно, а целта е да нема отпуштање на вработени како и сочувување на стабилноста на фирмите. Фирмите ќе можат да си ги довработат, ако евентуално испуштиле работници и после тоа да аплицираат за мерката.

Правиме се, за секој работник да го задржи своето работно место и за тоа да добие минимална плата од државата.

За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра, посочи Заев.