На 24 април во 1949 година е основан државниот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) — најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Универзитетот првично е формиран со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор бил избран Кирил Миљовски.