Банките ќе ги одложат сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата за три месеци. Тоа значи дека априлската рата кредит ќе се плаќа во јули.

– Благодарение на Народна Банка и координација со комерцијалните банки, банките го прифатија ова, а некои велат дека ќе овозможат одложување и повеќе од 3 месеци. Доколку не се спроведува, ќе се донесе Уредба со законска сила, но верувам дека нема да дојде до тоа. Владата веќе поднесе и изготви да се донесе Уредба со законска сила за промена на законот за облигациони односи како би можело промнтно без допир, без состаноци да ги прават Анексите и самото одложување на физичките лица, а секако очекуваме на барање на приватните компании погодени од кризата, банките да ги одобруваат ваквите одложувања, рече Заев на денешната прес конференција во СДСМ.

zaev 3