Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Лозово.

СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за сите, истакна Николовски.

„За работниците, за пензионерите, земјоделците, за ранливите категории на граѓани… Општините се вложуваат и помагаат на сите подеднакво.
И во Лозово ја имаме најдобрата понуда, нашиот Ацо Велковски. Изминатите четири години своите визии ги преточи во реални проекти за подобар живот на граѓаните. Продолжуваме да се грижиме за секој еден. Креираме социјални услуги блиски до граѓаните. Обезбедуваме подобар животен стандард за сите.
Овде во Лозово реализираме проекти кои се од суштинско значење:
– Изградба на затворен пазар.
– Реконструкција на браната Ѓузумелци со систем за наводнување.
– Изградба на пречистителна станица за питка вода до Дорфулија, Каратманово, Милино од хидросистемот Злетовица.
На 17 октомври го заокружуваме бројот 12, за #Најдоброто, за Ацо Велковски!“, посочи Николовски.