Од следниот месец, февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%.
Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати.
Освен во здравството, покачување на платите има и во образованието, односно кај наставниот кадар и тоа од овој месец.
Вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 %.
Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката добиваат повисока плата.