Познато е и името на 14-тиот висок полициски функционер кој почнува со работа откако беше избран од страна на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев како дел од процесот за промената на началниците на клучните сектори во МВР. Алсат неофицијално дознава дека Антон Витков ќе го предводи Секторот за внатрешни работи во Куманово.
Со ова, бројот на началници на сектори кои добија нови шефови се искачи на 7, додека само СВР Тетово останува без нов началник. Контактирана од Алсат, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска не го потврди предлогот за нов началник на Куманово, ниту пак појасни дали има нешто ново во однос на најавите за тужби кон министерот.