Изминативе две недели во Крива Паланка се спроведе телефонска анкета на 250 испитаници на тема „Актуелна политичка состојба и за тоа кој е фаворит на граѓаните за претседател на државата“, односно политичка партија во која граѓаните имаат најголема доверба во пресрет на изборите на 24. април и 8. мај.
На прашањето „На кој проблем најмногу треба да се насочи новата Влада“, 23, 7% од граѓаните на Крива Паланка велат дека тоа треба да биде подобрување на животниот стандард/повисоки плати. На второ место е намалувањето на криминалот и корупцијата со 10,9%.
СДСМ е партијата во која граѓаните имаат најголема доверба за решавање на проблемите на граѓаните . 31,4% од испитаниците ја даваат довербата за социјалдемократите, додека 24,8% сметаат дека тоа подобро би го направила партијата ВМРО – ДПМНЕ.
На прашањето „Доколку утре се одржуваат изборите, за која партија би гласале“ – 33,1% од граѓаните велат дека би гласале за СДСМ, додека 8% проценти помалку, или 24.9% би гласале за ВМРО -ДПМНЕ.
Во врска со кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски води убедливо пред Гордана Сиљановска Давкова со 9,3%. За Сиљановска би гласале 27,2%, а за Пендаровски 36.5%.
На прашањето „За кого би гласале на вториот круг од претседателските избори“, повторно Стево Пендаровски, овој пат со намалена разлика би победил во Крива Паланка. За Пендаровски би гласале 37,8%, додека за Сиљановска Давкова 33,8%.
На прашањето, oпшто земено, „Колку сте задоволни од досегашното работење на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски“, како многу задоволни се изјасниле 31,5% од граѓаните, додека помал дел се незадоволни, или 16.4% што укажува на исправната политика која ја води локалната и централната власт на СДСМ, преку огромната поддршка преку многу проекти ја дава на градот.
Кога е во прашање довербата на политичарите во Крива Паланка, на прашањето за кого од нив граѓаните имат најпозитивно мислење, граѓаните сметаат дека убедливо на прво место е Љупчо Николовски од СДСМ, кој ја оправдува нивната доверба со многубројните проекти кои ги носи како член на повисоките инстанци во Владата, па така тој води скоро двојно осносно со 11,6% разлика пред останатите политичари.
За Николовски како политичар со најпозитивно мислење се изјасниле 23.6% од граѓаните. На второ место е Емил Спасовски од ВМРО – ДПМНЕ со 12%.
На прашањето пак кој од политичарите најдобро би ги претставувал граѓаните на Крива Паланка како пратеник во Собранието, резултатите се слични како и на претходното прашање, каде Љупчо Николовски од СДСМ предничи убедливо со 23.5% или 11,4% пред останатите политичари. Втор на листата е Емил Спасовски од ВМРО – ДПМНЕ 12.1%.
Крива Паланка на парламентарните избори на 8 мај во изборната единица 3 има два кандидата, кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ, Емил Спасовски кој е на 13 место на листата, и на 2 место кандидатот на СДСМ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од СДСМ.