Планирам во текот на утрешниот ден да го посетам мојот матичен комитет Карпош и да поднесам барање за замрзнување на моето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Не е споиво со она што е сега ВМРО-ДПМНЕ. Јас во 1995 потпишвав други уверувања, други убедувања од тоа што денеска се претвори оваа партија, изјави еден од реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојевски и лидер на Македонски концепт во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал5 ТВ. Во ВМРО-ДПМНЕ има обнова на бандитизмот и груевизмот кој за мене се неприфатливо. Не сакам да бидам реставратор на ВМРО-ДПМНЕ како оние кои се сега во партијата, вели Богоевски.

Во однос на претстојните парламентарни избори, Богојевски вели дека нема да коалицира со ниту една од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од причина што смета дека и двете најголеми партии нема да го прифатат антикорупцискиот проект на Македонски концепт.