– И годинава продолжуваат градежната експанзија и уредувањето на градот. 2024 – година на нови проекти, капитални инвестиции и вложувања за поубав лик на секој дел од нашата Крива Паланка, соопшти првиот човек на општината Сашко Митовски набројувајќи ги планираните проекти.
Најави изградба на локални улици и патишта, детски катчиња и спортски терени, водоводи и канализации и капитални објекти и уредување на простори.

Изградба, рехабилитација и реконструкција на локални улици:
1. дел од ул.”Никола Тесла”, лев крак (Трновска маала)
2. ул.11 Октомври” ( Чука – над социјално)
3. ул„ Браќа Миладиновци“ (Чука)
4. ул.„Коце Металец“ (под кланица)
5. ул.”Моша Пијаде”, краци од улицата, Осичка маала (под зградите, крак од Да-Бо до комплекс згради и крак од Да-Бо до авто- перална)
6. ул.„Ратко Минев“
7. ул.”Гоце Делчев”, повеќе краци (нас.Житен склад)
8. ул.”Пере Тошев” ( нас.Бегови бавчи)
9. ул.”Григор Прличев”( нас.Бегови бавчи)
10.ул.”Климент Охридски” (пат покрај „ Скрљавски дол“)
11. Поврзување на пат од новите гробишта до село Конопница ( кружно движење)
12. ул.„Јане Сандански“ ( крак до стари градски гробишта)
13. ул.”Орце Николов” (Амбар маала)
14. ул.„Панче Пешев“
15. централна улица, св.„Јоаким Осоговски“( од нас.Единство до Соларски мост)
16. Магистрален пат А2 – обиколница
17. пат Б’з-Кошари
18. постоен пат во с.Мождивњак
19.пат кон м.в. Калин Камен
Уредување со бекатон плочи
– пристапен пат нас. Метеоролошка;
– пристапен пат – покрај мајор корито на Крива Река ( од маркетот кај автобуска до влив на Дурачка Река);
– Домачки Дол;
– ул.„Орце Николов“.
Нови детски катчиња и спортски терени на повеќе од 10 локации
1. Домачки дол ( детско катче и баскет игралиште)
2. Осичка маала ( детско катче, баскет и фудбал игралиште)
3. Калин Камен ( детско катче и баскет игралиште)
4. спортски комплекс ( парк за домашни миленичиња, детско катче и терен со вештачка трева за мал фудбал)
5. кај „Облаче“ ( терен со вештачка трева за мал фудбал и детско катче)
6. Конопница ( спортски терен со вештачка трева за голем фудбал, баскет игралиште и детско катче)
7. зграда кај технички преглед ( игралиште за мал фудбал и детско катче)
8. нас. Бавчал’к (терен за фудбал, детско катче)
9. Градски парк (детско катче и нова урбана опрема)
10. населба Баглак
11.село Конопница.
Вложување во водоводна мрежа 
Кантина-Конопница
Вирови, Грамаѓе – Конопница.
Изградба на канализација:
населба Маневци до Дурачка Река
село Трнци.
– И 2024 ќе биде година што ќе се памети по нови капитални проекти и вложувања за проекти што го менуваат ликот на градот, ги подобруваат условите и квалитетот на живеење на жителите, рече Митовски и порача дека во 2024 – Крива Паланка добива:
1. Дом за стари лица
2. нови лик на 5-те градски мостови на Крива Река
3. нова фасада на зграда Партизан на ООУ „св.Јоаким Крчовски“ и реконструиран спортски терен
4. уреден кеј на Крива Река – речно корито-фаза4
5. нов урбан парк населба Единство- кај комплекс згради
6. адреналински парк на Калин Камен
7. хортикултурно уредување на школо село Градец
8. катни гаражи.
– Секојдневно, посветено и неуморно го градиме новиот урбан лик на модерна, зелена, чиста Крива Паланка. Секој нов проект е нов влог во иднината на нашата убава општина, зашто тоа е наша должност и обврска кон граѓаните, дециден е Митовски.