Како што соопштивме имаме два нови случаи, дијагностицирани позитивни со корона вирусот. Тоа се двајца сопружници во Дебар на 62 и 68-годишна возраст коишто во нашата земја стигнале од Северна Италија од Бреша на 27-ми минатиот месец. После влезот на границата, од автобусот патници се симнувале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Тогаш патниците немале никакви симптоми,а за првпат со сосем лесни симптоми се јавиле на 2 март, во понеделник на матичниот лекар којшто не препознал индикација за да се направи тестот за корона вирусот и ги пратил на домашно лекување. За да денеска се јават во болницата во Дебар кадешто доаѓа инфектолог од Гостивар. Тука е поставена индикацијата согласно симптомите коишто се развиле во текот на вчерашниот ден. Земени се брисеви и денеска беа направени тестовите, изјави на пре-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

„За време на престојот дома двајцата пациенти укажуваат дека имале контакт само со братот на жената. Денеска веќе во попладневните часови се прави интервју од страна на епидемиолозите за да се процени дали е потребно во изолација да биде ставен само тој човек, роднина или и членовите на неговото семејство. Во соработка и интезивна комуникација со Министерството за внатрешни работи се најдени имињата, матичните броеви на сите патници во автобусот којшто влегол на 27-ми минатиот месец. Во овој момент се прави идентификација, тоа значи местата на живеење и веќе од вечерва и во текот на утрешниот ден патниците после идентификувањето, нивното лоцирање коешто епидемиолозите ќе го направат заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи, ќе бидат интервјуирани и согласно податоците коишто ќе ги дадат согласно нивната здравствена состојба . Понатаму анализа на контактите коишто тие ги имале во меѓувреме ќе бидат превземени соодветни мерки за што детално ќе ве информираме во текот на утрешниот ден откако сите контакти, податоци и интервјуа ќе бидат завршени“, истакна Филипче.

„Вечерва пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот трансфер на Здравстевениот дом-Скопје во Инфективната клиника кадешто дежурната екипа ќе биде спремна да ги пречека. Нивната состојба е стабилна и имаат сосем лесна клиничка форма на горно респираторна инфекција“, потенцираше Филипче.