Денеска на иницијатива на локалната самоуправа и Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе се организираше акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територија на Општина Свети Николе со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Оваа акција заеднички ја реализираа младите на ЛК на СДММ – Свети Николе и УМС на ВМРО ДПМНЕ -Свети Николе, како и мобилните тимови на Општина Свети Николе.

“ВО ОВА ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ НАЈМАЛКУ НИ Е ПОТРЕБНО СОБИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ПОТРЕБНА НИ Е #СПЛОТЕНОСТ
Упатувам благодарност до сите учесници во оваа акција за заштита на јавното здравје, воедно ги повикувам граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
Да бидеме одговорни!” – напиша на Фејсбук, Бојан Максимов, претседател на ЛК на СДММ – Свети Николе.