Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски за денеска свика состанок на Комисијата на која ќе се разгледува епидемиолошката состојба во земјава.

На денешниот состанок, членовите на Комисијата ќе разговараат за деновите за изолација, односно за решенијата кои ги издава Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лицата кои се позитивни на Ковид-19. Ќе се разгледува можноста да се скрати времето на изолација за граѓаните кои се регистрирани позитивни случаи на вирусот, но можно е да разгледаме и некои други опции кои ќе се однесуваат на повеќе категории-вакцинирани, невакцинирани, симптоматски случаи и така натаму.