2.550 сопственици со 2.918 хектари окрупнето земјоделско земјиште имаме денес, информираат од МЗШВ.
Во 2016 година – 0 сопственици и 0 хектари окрупнето земјоделско земјиште.
– Лидери сме во регионот во спроведување на ваква земјишна реформа. Уште во 2017 бевме визионери, и бевме свесни дека станува збор за сложен процес, но токму тоа е предизвикот, да направиш нешто за кое сите претходно зборувале, а никој немал храброст да го направи, сподлеи ресорниот министер Љупчо Николовски.