Полицијата на кантонот Сараево соопшти дека старица била убиена синоќа во главниот град на Босна и Херцеговина – жената била задавена по расправија со двете сопствени малолетни внуки, кои се обиделе да го прикажат убиството како природна смрт.

-Имајќи предвид дека полициските службеници на МУП на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, преземаат интензивни мерки и дејствија за расветлување и документирање на сите околности поврзани со постоењето на основи на сомнение дека на територијата на општината е извршено кривичното дело убиство на постара жена, во овој момент, во интерес на истрагата, не можеме да дадеме повеќе информации, соопшти полицијата.

Неколку лица, меѓу кои уште еден малолетник кој бил на местото на убиството, се донесени во службените простории на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и против нив се води кривична постапка. Според информациите објавени во босанските медиуми, сите заедно пиеле алкохол, по што дошло до остра расправија со малолетничките, кои ја задушиле жената. Дека се работи за убиство докажала обдукцијата на постарата жена, чија точна возраст не се соопштува.