Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани наши, веќе започна да влијае ладниот феномен “ЛА НИЊА”, и истиот ќе го почувствуваме уште од месец мај, што значи дека истиот ќе биде со нешто пониски температури за разлика од изминатите години. Односно тие би биле околу, повремено дури и под просекот.

Секако не смее да се исклучи можноста да се случи и некој поизразен топол бран во текот на мај, но барем одсега гледано, шансите за тоа се многу мали. Што се однесува до врнежите, кај нас во Македонија тие би биле натпросечно високи, односно ќе бидат честа појава. Се поголеми ќе бидат и шансите за создавање на грмотевични облаци, како и на временски непогоди со силен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на силен град.

Поладно време од вообичаеното, освен кај нас, ќе има и во најголем дел од Балканот, како и Европа. Уште да напоменеме дека поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето, промени во истата се можни, па затоа граѓаните да ги следат нашите редовни и секојдневни пократкорочни анализи на времето.