Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изврши увид на изградабата на системот за наводнување Колибари -Црвивци.

Тој информираше дека системот одлично напредува со изградбата.

– Ова е систем кој го започнавме со градба во месец мај минатата 2023 година, и кој опфаќа наводнување за нови 160 хектари обработливо земјоделско земјиште, покрај Зајашка Река, кичевско. Изградбата на овој систем се одвива според планираната динамика. Од вкупно 14,5 километри цевковод, до сега изработени се околу 12,5 километри цевковод. Паралелно веќе се изработуваат и шахтите за хидрантите, а веќе набавена е и целокупната опрема која треба да се вгради во шахтите, порача министерот Николовски.

-Преку оваа инвестиција директно им помагаме на повеќе од 2.000 жители од селата Колибари и Црвивци, кој се занимаваат со земјоделство, обезбедувајќи квалитетна вода за наводнување на земјоделското земјиште, и на тој начин го поттикнуваме земјоделското и одржливо сточарско производство, додаде тој.

Без доволно количество вода нема стабилно земјоделство. Затоа, вложувањето во изградба на капитални инвестиции во водостопанството е еден од нашите приоритети, заклучува ресорниот министер.