На осуммина од осомничените им е одреден притвор во траење од 30 дена, додека еден добил осумдневен притвор, затоа што, како што се наведува, против него е поднесен предлог во скратена постапка.
Притвор им е одреден на сите деветмина осомничени во денешната акција за шверц на наркотици, во која се приведени полицајци и цариници од Скопје и од Куманово.

Од Основниот кривичен суд – Скопје соопштија вечерва дека на осуммина од осомничените им е одреден притвор во траење од 30 дена, додека еден добил осумдневен притвор, затоа што, како што се наведува, против него е поднесен предлог во скратена постапка.

Судот го прифатил предлогот на обвинителството за одредување притвор затоа што, како што се наведува, смета дека постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоци или да ја попречат истарагата, како и опасност да го повторат делото.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени деве лица осомничени – дел за кривичното дело ‘криумчарење’, а дел
за ‘неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’.
По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените, во присуство на нивните бранители, судија на
претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осуммина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена, со оглед дека против истиот е поднесен предлог во скратена постака“,

се наведува во соопштението, со посочување дека странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје.