Жрепката во Државната изборна единица пред малку го одреди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори.

Под реден број еден ќе биде актуелниот претседател Стево Пендаеровски, а под реден број два, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Реден број три е Стевчо Јакимовски, број четири Бујар Османи, број пет Билјана Ванковска, број шесрт Арбен Таравари и број седум Максим Димитриевски.

Првиот круг од изборите е на 24 април.